Скаутите на Ливерпул го следат веќе две години, понуда во Јануари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул со сигурност ќе пазари во Јануари. Се очекува доаѓање на еден штопер и еден напаѓач или крилен играч.

Матип, Кутињо и Лалана го мачат Клоп со повреди, па прашањето е што ќе се случува во овој трансфер период во Ливерпул.

Првото потенцијално засилување на Ливерпул е Вирджил Ван Дајк.

Скаутите од Ливерпул веќе 2 години го следат овој играч, а се очекува во Јануари да пристигне и официјална понуда од 25.4 милиони фунти.

Проблем на Ливерпул во трката за овој играч им претставуваат и ривалите Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед како и тимот на Евертон.