Сколс: На Манчестер јунајтед му се потребни играчи како Лука Модриќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Пол Сколс е убеден дека им треба фудбалер како Лука Модриќ во Манчестер јунајтед.

Легендарниот играч за врска на „црвените ѓаволи“ коментираше за ситуацијата на „Олд Трафорд“.

Сколс смета дека Јунајтед нема доволно квалитет, а само играч како Модриќ би можел да ги спаси.

„Кога ќе погледнам како игра Јунајтед сфаќам дека им требаат неколку играчи од светска класа. Посебно во редот за врска, каде што мислам дека Модриќ одлично би се вклопил“, кажа Сколс.

Да потсетиме, Сколс одигра 17 незаборавни сезони во Јунајтед и постигна 150 погодоци.