Славен Билиќ со нова работа, ќе заработува мало богатство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Вест Хем и селектор на репрезентацијата на Хрватска, Славен Билиќ е поставен за нов тренер на тимот од Саудиска Арабија, Ал Итихад.

Хрватот кој беше избркан од Вест Хем во ноември минатата година потпиша тригодишен договор со Ал Итихад вреден три милиони евра по сезона.

Славен Билиќ договорот со новиот тим го потпиша во Њујорк во текот на вчерашниот ден и истиот веднаш беше објавен на официјалната страна на Ал Итихад.