Смешна казна за Червар за инцидентот на натпреварот со Белорусија

Европската ракометна федерација го казни Лино Червар со 3000 евра од кои 1000 треба да ги плати на крајот на првенството доколку не го повтори прекршокот.

Казната е изречена поради инцидентот кој се случи во последната минута од натпреварот против Белорусија. Имено, во 59:29 минута селекторот на Хрватска, Червар дојде до директен контакт со еден играч на Белорусија.

Дисциплинската комисија на ЕХФ детално ги прегледа извештаите на супервизорите и снимките од инцидентот и се реши да му врачи само парична казна на искусниот стратег.

Многумина очекуваа дека Червар ќе заработи казна со водење на клубот во следните неколку натпревари, но до тоа не дојде.