Снајдер „полуде“ поради неправдата на теренот: Ова е мој последен натпревар тука (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Весли Снајдер неодамна и официјално се прости од репрезентативниот фудбал, но и натаму е дел од екипата на својот клуб, катарски Ал- Гарафе.

Пред два дена на својот тим Снајдер му донесе победа со два постигнати погодоци на гостувањето кај Катар СЦ-а.

Сепак, капитенот на Ал-Гарафе во судиското надополнување заработи директен црвен картон по контакт со голманот на Катар.

Снајдер случајно згази на раката на голманот на домашната екипа, кој веднаш почна да се витка од болки, а судијата поради тоа го исклучи Холанѓанецот.

Збунетиот Снајдер не можеше да се помири со таквата одлука, па низ пцости на сметка на судијата излегувајќи од теренот повикуваше: „Ова е мој последен натпревар во Катар“.

Сепак, набрзо по мечот се огласи на социјалните мреѓи.

„Реагирав во афект бидејќи не заслужив црвен картон. Сеедно, сакам да ги демантирам сите лажни медиумски шпекулации. Уживам во животот и фудбалот во Катар“, порача Снајдер.

Инаку, Снајдер во јануари оваа година пристигна во овој клуб откако во богатата кариера ги носеше дресовите на Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.