Снимка од пред 18 години е хит, а во главни улоги се Зидан и Солари (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан вчера се врати како спасител во Реал Мадрид, а тренерското место го напушти Сантијаго Солари, кој беше само едно големо разочарување бидејќи ги загуби сите битки за трофеи.

Зидан се врати во „кралскиот клуб“ и синоќа беше официјално претставен по вторпат како тренер на Реал, каде што претходно освои три титули по ред во Лигата на шампиони, а неговите наследници, прво Хулен Лопетеги, а потоа и Солари не направија ништо.

На социјалните мрежи стана хит едно видео до 2001 година и натпреварот од шпанскиот Куп кога Зидан влезе во игра наместо Солари.

Метафората е најверојатно јасна. Зидан 18 години подоцна е повторно во „игра“, а Солари мора да го напушти „теренот“ во Мадрид.