Солари: Има луѓе кои не го заслужуваат дресот на Реал, па лично зборував со нив…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари не сакаше да зборува за својата иднина на тренерското столче на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ ги загубија сите битки за трофеи сезонава, а последната беше шокантна затоа што ја доживеаа во реваншот од Лигата на шампиони и тоа на домашен терен против Ајакс со 1-3.

Пред дуелот со Валјадолид во домашното првенство, Солари на конференцијата стигна 75 минути подоцна.

„Се извинувам. Некои работи во соблекувалната мораа да бидат решение. Поголем дел фудбалери заслужуваат да го носат дресот. Лично зборував со тие кои не го заслужуваат тоа…“, кажа Солари.

Реал е трет во домашното првенство со пет бода помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и дури 12 помалку од лидерот Барселона.

„Ова не е добар момент. Посебно по мечот со Ајакс. Но, мора да победиме во секој меч, а до крајот имаме 12 дуели. Ќе биде тешко, како и во секој меч од домашното првество“, објасни тренерот.