Солскјер добива ново засилување: Јунајтед најде замена за капитенот во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот фудбалер Антонио Валенсија ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на сезоната, а до тогаш ќе ја носи капитенската лента.

Управата реши да не му го продолжи договорот на 34-годишниот фудбалер, па Еквадорецот ќе си бара нов клуб на лето.

Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ веднаш подготвиле негова замена, а станува збор за талентираниот Давиде Калабрија од Милан.

Овој 22-годишен бек ги импресионирал скаутите на „ѓаволите“, кои ќе продолжат да го следат, пред да решат дали наредното лето ќе го купат или нема да испратат понуда на адреса на „Росонерите“.

Калабрија, кој одигра 26 настапи во Серија А сезонава, се наоѓа и на листата со желби на Евертон, но останува прашањето дали амбициозната управа на Милан е подготвена да се откаже од неговите услуги.