Сопствениците на Милан на состанок со Раиола!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новите сопственици на Милан во наредните денови ќе започнат преговори со Мино Раиола, а тема е продолжување на договорот на Донарума.

Тој неодамна стана полнолетен, а веќе година и пол брани одлично на голот. Со одбраните привлече голем интерес, но Милан ќе се обиде да го задржи.

Создавањето на нов Милан би требало да започне со задржувањето на одличниот голман. Новите сопственици најавија големи работи, а прво ќе се разговара за продолжување на договорот на Донарума.

Актуелниот договор на овој 18-годишен голман завршува во јуни 2018-та година.

Наводно, преговори со него веќе започнал Јунајтед, а претходно се поврзуваше со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.

Конечната одлука ќе биде донесена во наредните денови, по разговорите на раководството на клубот со Раиола.

Донарума оваа сезона настапи на 35 натпревари за Милан. Прими 39 голови, а 11 пати ја сочува својата мрежа.