Спалети заминува од Рома – Де Лаурентис има поинаков план?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лучијано Спалети би можел да го напушти тимот на Рома на крајот на сезоната.

Договорот на овој тренер му завршува на крајот на оваа сезона, а 58-годишниот Спалети нема да го продолжи договорот со Рома.

Новото име на тренерската клупа на Рома би можел да биде актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари.

Медиумите тврдат дека постои голем интерес за донесување на Сари на клупата од наредната сезона, а тоа на крајот би можело да се случи.

Сари на крајот на сезоната ќе има преговори прво со управата на Наполи, по што ќе донесе одлука за неговата иднина.

Овој тренер го превзема Наполи во 2015-та година. Тимот под негово водство игра навистина одлично, а во кариерата ги има водено уште Емполи, Верона и Пескара.