Спектакл во „Вембли“: Кличко ја напаѓа светската титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот боксер Владимир Кличко во април ќе се бори против Ентони Џошуа на „Вембли“.

Првиот дуел требаше да се оддржи на 10 декември, но Кличко поради повреда се повлече од борбата за титулата.

Па така за седум денови против Џошуа ќе се бори Ерик Молина, но за нешто повеќе од 4 месеци ќе следи големата пресметка.

Се очекува натпреварот да биде оддржан на 29-ти април, каде се очекуваат околу 80.000 навивачи.

Исто така, постои голема можност таа борба да биде и за појасот за ВБА шампион, титулата која ја изгуби Тајсон Фјури.