Спировски: Подготвени сме да го дадеме максимумот

Стефан Спировски веднаш по комплетирањето на трансферот во Ференцварош се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски.

27 годишниот фудбалер истакна дека сите се подготвени и се надева дека ќе ја пренесат формата од клупските настапи во репрезентацијата.

„Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови  е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90-те минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 2-ри септември, чекор по чекор, подоцна за Албанија“- изјави новиот фудбалер на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски.

Македонија најпрво гостува на Израел на 2-ри септември, за потоа три дена подоцна во Струмица да ја пречека репрезентацијата на Албанија.