Срамен потег: Солари им избега на навивачите по дебаклот во Ел Класико (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид беше поразен со 0-3 од Барселона во реваншот од полуфиналето на шпанскиот Куп и тоа ги налути навивачите, а најновиот потег на тренерот Сантијаго Солари докажува дека се плаши да излезе пред фановите.

„Кралевите“ остануваат во борба уште за трофејот во Лигата на шампиони, па сите се надеваат дека барем малку ќе може да ја спасат сезоната, која и така е загубена, но за тоа ќе треба премногу да се измачат.

Најновиот потег на Солари ги изнервира дополнително навивачите, откако тренерот по тренингот реши да избегне средба со нив и да им избега со својот автомобил.

Свесен е и самиот за неуспехот во „кралскиот клуб“, па дебаклот против Барселона му создаде нови главоболки и ќе му треба многу за да има лице да излезе пред навивачите.