Станислав Вавринка – Немав намера да го повредам Клижан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станислав Вавринка и Клижан одиграа интересен натпревар во 1-то коло на Австралијан Опен.

„Навистина беше тешко. Среќен сум што поминав, иако не го одиграв својот најдобар тенис. Се борев, се обидував да останам во натпреварот. Противникот играше добро, не ми дозволуваше да влезам во ритам. Тој влијаеше на мене да не одигра најдобро што знам.“

4-от носител во еден од најважните поени во 5-от сет го погоди Клижан на незгодно место.

„Тоа за него беше болен удар. Сепак моментот беше необичен. Постојат играчи кои во такви ситуации сакаат да те измамат, јас престанувам да играм, а тие само го поставуваат рекетот и освојуваат поен. Немав намера да го погодат него. Мислам дека на крајот се беше во ред со него.“

Вавринка веднаш ја прескокна мрежата и го помина ривалот.

„Само сакав да проверам дали е добар. Сфатив дека е и повторно се фокусирав на натпреварот.“

Швајцарецот во наредниот натпревар ќе игра против Стив Џонсон.