Стигна интересна понуда за Марсијал – Што ќе каже на ова Мурињо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Марсијал доби интересна понуда.

Одличниот фудбалер во текот на сезоната не беше стандарден кај Мурињо во Јунајтед, па му се нудат други опции за продолжување на кариерата.

Тимот на Лион, кој има многу добра соработка со Јунајтед, му понуди на Марсијал да дојде на 1-годишна позајмица.

Овие два тимови соработуваа и во јануари. Депај замина во Лион, а по неговите чекори би можел да тргне и Марсијал.

Токму националниот тим е причината поради која Марсијал би можел оваа понуда да ја прифати. Тој сака да биде на списокот на фудбалери кои ќе заминат на СП во Русија.

Заминувањето во Лион би му донело поголема минутажа, па со тоа би му го отворило патот до репрезентацијата, а за овој тим играше во младинските категории.

По Лион, тој го носеше дресот на Монако, од каде што во 2015-та година за 60 милиони евра стигна во Јунајтед.