Стигна понуда за двоецот на Јунајтед со огромна загуба на пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед доби понуда за Мемфис Депај и Морган Шнајдерлин.

За нивните услуги заинтересиран е Евертон, кој според тврдењата на англиските медиуми, испрати понуда до Црвените ѓаволи.

Карамелите за услугите на овие фудбалери на Јунајтед нудат 40 милиони фунти, односно речиси 30 милиони евра помалку отколку што овие двајца се платени.

Тие во 2015 година стигнаа во Јунајтед за вкупно 75 милиони евра, па со евентуална продажба на Депај и Шнајдерлин на екипата на Гудисон, ќе донесе огромна загуба на тимот од на Манчестер.

Покрај интересот на Евертон Депај се поврзува и со Рома, додека за Шнајдерлин интерес покажува ВБА.