Стигнуваат уште добри вести за Милан - Монтоливо конечно се враќа на теренот!

Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо се враќа на теренот.

Тој се повреди на почетокот на октомври во квалификациониот натпревар на Италија против Шпанија. Од игра излезе во 30-та минута, а имаше повреда на лигаментите на коленото.

Овој 32-годишен фудбалер на Милан одигра 67 минути во победата на резервниот тим на Милан со 6:1 против Виченца и наскоро би требало да се врати и на тренинзите на првиот тим.

Да потсетиме, тој пред повредата одигра само 7 натпревари во Серија А.