Страв и трепет за Конор МекГрегор: Запознајте го ѕверот од Русија!

    Дека бил создаден за големи дела било јасно уште додека бил дете, кога за противници имал вистински ѕверови.

    „Ние од оваа област сме создадени да бидеме борци. Тоа ни е во крвта бидејќи со векови се имаме борено на овие простори. Децата уште од мали нозе почнуваат да се тепаат со некој на нивни години, а ако одбијат тоа е срам.“, кажа еден борец од Дагестан, руска област покрај Каспиското езеро.

    Дека бил создаден за такви дела, било јасно и за Кабиб Нурмагомедов кој доминираше на УФЦ 205 и го задржа епитетот непобеден ММА борец. И тој е роден во Дагестан, во Махачкала во 1988 година, а уште како мало дете покажувал желба за борби.

    УФЦ 205 е завршен на спектакуларен начин со рушење на многубројни рекорди – по заработени пари, број на гледачи, а посебно ќе се памети по Конор МекГрегор, кој на спектакуларен начин ја освои титулата и стана прв во историјата со два шампионски појаси во различни категории.

    Сепак, имаше и такви кои не се воодушевени од МекГрегор и неговото освојување на титулата. Еден од н ив е и Нурмагомедов, борец од Русија, која на УФЦ 205 исто така се покажа на најдобар начин.

    Без поголеми проблеми го победи Мајкл Џонсон. Тој има 24 победи од исто толку борби во кариерата.

    https://youtu.be/q_3cyy-ML5E

    Непобедливиот Нурмагомедов уште во текот на борбата во „Медисон Сквер Гарден“ на претседателот на УФЦ му дофрли дека сака да се бори со МекГрегор за титулата. Набрзо го победи Американецот, па сега го предизвикува борецот од Ирска.

    МекГрегор вообичаено не се занимава како и обично кога станува збор за Нурмагомедов. Иако по победата против Алварез ијзави дека на никој не му се извинува, а на неговиот предизвик не одговори како што беше случај и со многу претходни борци кои го предизвикаа.

    Нурмагомедов во досегашната кариера има 8 борби во УФЦ и во сите победи, а не изгуби ниту една рунда.

    Дека станува збор за момче од челик и дека е вистински ѕвер, било јасно уште додека бил дете.

    Додека сите се бореле со деца на своја возраст, тој за противник имал мечки! Тој се борел со мечки додека имал 10-на години и така тренирал и ги развивал своите вештини.

    Неговиот татко објасни зашто неговиот син додека имал 10 години се борел со мечки.

    „Прво, децата секогаш сакаат нивните татковци да видат за што се способни нивните синови. Немаше ништо поинтересно од тоа додека тој беше млад. На крајот на краиштата, тоа беше тест на неговиот карактер.“

    Погледнете како Нурмагомедов како дете се борел со мечките и ги развивал своите вештини и техника.

    https://youtu.be/JZvCgSmV9JA

    Тоа подоцна го правел и кога пораснал, со постари мечки.

    Нурмагомедов е сега прв предвизвикувач во лесна категорија за УФЦ појасот, а дали ќе гледаме борба помеѓу него и Конор МекГрегор, која без сомнеж би била една од најголемите спектакли во историјата, останува да видиме.