Стрелинг во инфаркт финиш донесе победа за Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот натпревар од третото коло во Премиер Лигата донесе луда завршница. Манчестер Сити со многу среќа славеше над Бурнемут со 2:1.

Прв во водство дојде Бурнемут преку Дениелс кој во 13. минута постигна фантастичен гол. Овој гол сигурно ќе конкурира за најубав гол во сезоната.

Сепак, радоста на домаќините не траеше долго. Во 21. минута Габриел Хесус го изедначи резултатот на 1:1.

Манчестер Сити стигна до победа во седмата минута од продолжението со голот на Рахим Стерлинг. Главниот судија Мајк Дин мечот го продолжи за пет минути, но кога Стерлинг погоди поминаа веќе две минути  повеќе од даденото продолжение. Тоа ги налути домашните фанови и дел од играчите кои бурно реагираа по последниот судиски свиреж.