Суарез околу заминувањето на Роналдо: Реал не е послаб


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кристијано Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката после 9 сезони да замине од редовите на Реал Мадрид.

Португалецот беше секогаш дел од првиот тим на Реал и една од најголемите негови ѕвезди меѓутоа неговата сегашност моментално е Јувентус каде би требало да остане и до крајот на својата кариера која е навистина богата.

Потегот на Роналдо да се пресели во Јувентус изненади многумина, па и напаѓачот на Барселона Луис Санчез, меѓутоа тој истакна дека тоа нема да се одрази на квалитетот на Реал Мадрид.

,,Супер му одеше во Мадрид, освои се што можеше, па ме изненади неговата одлука. Но тоа е фудбалот. Еден ден можеш да зборуваш дека си среќен таму каде што си, а веќе следниот ден може многу работи да се променат. Мораме да ја почитуваме таа одлука, ја донел со причина”- рече Суарез и додадe:

,,Ние во првенството не се бориме против само еден играч, поединецот може да го направи тимот подобар, меѓутоа во реалноста ние очекувам да играме против најдобриот Реал.”

Потсетуваме, Роналдо потпиша договор со Јувентус до летото 2021 година.