Суперлига – МЗТ Скопје го победи Кожув за седма победа во седум натпревари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Кожув на домашен паркет во натпреварот од седмото коло од суперлигата, 79:75.

Одличен почеток на двата клуба, а после десет минути игра МЗТ имаше водство од два поени, 16:14. До полувреме домашните кошаркари зголемија на плус седум 37:30. Гостите пред последните десет минути од натпреварот имаа четири поени негатива, 62:58. Гевгеличани во последната четвртина најмногу што направија беше што стигнаа до намалување на два поени предност, а на крајот загубија со четири, 79:75.

Темс и Симоновски со по 15 поени го предводеа МЗТ Скопје до победа. Дреновац додаде 14, а Клоф 10 поени. Кај Кожув, Мијовиќ го заврши натпреварот најефикасен со 17 поени. Крстевски постигна 16, Хал 13, а Ѓурасовиќ 12 поени.