“Суспензијата на Ајверсон е за доброто на лигата” – Ајс Кјуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако минатиот месец започна Big-3 лигата, таа беше центар на вниманието на сите оние фанови на кошарката кои сакаат да ги видат своите поранешни идоли, кошаркарите со кои израснале. Претседател и иницијатор на оваа лига е раперот Ајс Кјуб, кој имаше да каже неколку збора околу суспензијата на Ален Ајверсон откако легендата на Сиксерси ненајавено го пропушти мечот кој требаше да биде одигран во саботата.

 

По прашањето за тоа дали Ајверсон требаше да биде суспендиран, легендарниот рапер се огласи со следната изјава:

“Мораме да го задржиме легитимитетот на лигата. Затоа (Ајверсон) мораше да биде казнет. Кој е среќен кога е суспендиран? Никој. Ама тој мора да сфати дека со такви испади не само што го загрозува своето име, туку му штети и на кредибилитетот на лигата. Нашата лига е поголема од било која индивидуа. Тука играат членови на Куќата на Славните, Ол-Стар играчи, шампиони и тој треба да го сфати тоа.”

 

Суспензијата за Ален Ајверсон наложува тој да пропушти еден меч на неговата екипа 3’s Company. Ајверсон го пропушти мечот на својата екипа во саботата и подоцна беше откриено дека тој бил во казино во Чикаго наместо на кошаркарскиот терен.