Таунс нов рекордер на Минесота по број на поени во една сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карл-Ентони Таунс е нов рекордер на Минесота по број на поени во една сезона.

Досега тој рекорд го држеше Лав кога во сезоната 2013/14 постигна 2010 поени.

Таунс на вчерашниот натпревар кој Минесота го играше против Оклахома, стигна до 2011 поени со што стана нов рекордер на својата екипа во оваа категорија.

Во Минесота за неколку години би можеле да гледаме одлична кошарка со оглед на тоа дека Таунс има само 21 година.