Тери заминува во пензија – Конте веќе најде негова замена?


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Џон Тери на крајот на оваа година најверојатно ќе ја заврши својата кариера. Тој има неколку понуди за продолжување надвор од Челси, но по се изгледа дека тој ќе ја заврши на крајот на оваа сезона.

Челси веќе бара негова замена, а на мета е Калиду Кулибали.

Тој и минатото лето беше мета на Челси, но тогаш одлучи да остане во Наполи.

Сепак, англиските медиуми се сигурни дека на крајот на оваа сезона тешко ќе ги одбие понудите на лондонските екипи кои се подготвени да платат околу 60 милиони фунти.

Кулибали неодамна го продолжи договорот со Наполи кој завршува во 2021 година.

Овој 25-годишен фудбалер играше одлично минатата сезона во дресот на Наполи, па го привлече вниманието на европските гиганти.