Тешка сообраќајка во Сплит: Повреден соиграч на Ивановски, веднаш го испратиле во болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватските медиуми пишуваат дека соиграчот на Мирко Ивановски од Хајдук, Станко Јуриќ учествувал во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автомобили во Сплит.

Денеска во 18.20 часот во Сплит се случила тешката сообраќајка, а „Слободна Далмација“ пишува дека Јуриќ поради повредите бил пренесен во болница, но нема потешки повреди и наскоро се очекува да се врати во екипата.

Јуриќ поради повредите не беше во списокот со фудбалери, кои патуваа во Риека за големото хрватско дерби, кое се игра утре од 15 часот.