„Тешко им е да го прифатат тоа, но Модриќ заслужи аплауз од Роналдо и Меси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред седум дена во Лондон беше одржана гала-церемонијата на ФИФА на која беше избран најдобариот играч во светот – Лука Модриќ.

За оваа награда се бореа Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, но на крајот Хрватот ја доби наградата. Сепак, многумина беа разочарани што Роналдо не дојде на церемонијата.

Таму не беше присутен ниту Лионел Меси, но за многумина тоа им беше оправдано бидејќи тој воопшто не беше во конкуренција.

Сепак, еден од најдобрите футсал играчи, Рикардињо, жестоко ги критикуваше Роналдо и Меси.

„Не знам дали ова ќе ме чини многу ова што ќе го кажам, но некој кого го почитуваме и кој е пример на децата тешко е да направи ваква работа. Навистина не разбирам зошто не беа присутни, но Модриќ го заслужи нивниот аплауз“, кажа Рикардињо.