Тим на заборавени: Тие и понатаму се во ПЛ, но исто како да не се…


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Како е возможно тој да игра и понатаму за овој тим? Тоа е прашањето кое ќе си го поставите на себе кога ќе ја видите листата на играчи.

    Јаја Саного (Арсенал)

    Потерата за последниот натпревар кој Саного го одигра за Арсенал, не враќа назад во септември 2014-та година. По неколку неуспешни позајмици, вистинско чудо е како високиот напаѓач и понатаму е во тимот на Арсенал.

    Матео Дармијан(Манчестер Јунајтед)

    Италијанецот кај Мурињо е во втор план. Минатата сезона беше скоро незаменлив на десната страна, но Дармијан оваа сезона беше во тимот само против Фејенорд. Не е чудо што неговиот агент најавува трансфер во јануари.

    Џон Оби Микел(Челси)

    Возможно е Нигериецот да го има одиграно веќе последниот натпревар во Челси. Договорот му истекува на крајот на сезоната, а кај Конте буквално го нема никаде.

    Дени Ингс(Ливерпул)

    И покрај тоа што се врати од тешка повреда, Ингс не помина ниту минута на теренот. А поради тоа што напаѓачите на Ливерпул играат одлично, тешко дека ќе го видиме на теренот во скоро време.

    Том Керол(Тотенхем)

    Во тимот на Тотенхем кој игра супериорно од самиот старт, нема место за 24-годишниот играч. Прескапите засилувања како Сисоко и Ванјама, дополнително ќе ја ограничат неговата минутажа.

    Јаја Туре(Манчестер Сити)

    Играч кој е скоро легенда во Сити, полека паѓа во заборав. Гвардиола одамна му стави до знаење дека вратата му е отворена.

    Омар Нијасе(Евертон)

    Играч кој Евертон го плати 13.5 милиони фунти, не е во плановите на Куман. Уште една неуспешна аквицизија во ПЛ.

    Мети Џејмс(Лестер)

    Во тешките денови на Лестер, Џејмс беше еден од најголемите борци, но повредата го спречи да учествува во испишување на историјата и освојување на титулата. Покрај новите ѕвезди како што се Марез, Варди или Слимани, сега повеќе никој не се сеќава на него.

    Зеки Фрајерс(Кристал Палас)

    Овој играч најдобро го паметиме по контроверзниот трансфер од Сити во Тотенхем во 2012 година. Бројот на минути што го одиграа оваа сезона, скоро е неважен.

    Себастијан Ларсон(Сандерленд)

    Ларсон веќе долго време е во Сандерленд, уште од 2011 година, но во скоро време беше повеќе отсутен отколку што играше.