„Ти си виновен за ова!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со два голови против Наполи, Игуаин го однесе Јувентус во финале на купот на Италија.

Јувентус натпреварот го изгуби со 3:2, но поради победата во првиот натпревар, тие поминаа во финалето.

Игуаин беше жестоко дочекан од публиката во Неапол, сите го сметаат за предавник затоа што минатото лето премина од Наполи во Јувентус.

Игуаин по првиот гол го впери прстот во претседателот Де Лаурентис и кажа:

„Ти си виновен за ова!“

Напаѓачот многу пати зборуваше за фактите поради кои го напуштил тимот и дека Де Лаурентис не прави ништо за да ги зголеми амбициите на тимот.

Тоа на претседателот на клубот му се одби од глава минатата вечер.