Томас Милер е виновник за „новото лого“ на Бундеслигата (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германецот Томас Милер синоќа беше во центарот на вниманието во фудбалската јавност и тоа по стартот над левиот бек на Ајакс, Николас Таглифико.

Милер со вистински К1 потег, со нога скокна кон играчот на Ајакс по што веднаш заработи црвен картон.

По мечот ова видео почна да кружи низ интернетот и сите го видоа речиси, па почнаа одредени шеги на сметка на германскиот играч.

Така, дојде и до „новото лого“ на Бундеслигата каде Милен од денес е заштитен знак.

Како и да е, најважната работа е што фудбалерот на Ајакс сепак не е повреден во овој дуел, иако се изгледаше многу полошо отколку што на крајот се заврши.

Инаку, Ајакс и Баерн во овој меч ги поделија бодовите ремизирајќи со 3:3.