„Топчиите“ ќе го решаваат горкото прашање во Јувентус…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Арсенал на крајот на оваа сезона ќе остане без Петар Чех, фантастичниот голман кој ја завршува кариерата, а покрај тоа, не се баш најзадоволни како брани и Бернд Лено.

Ќе побараат дефинитивно нов голман, можеби дури и двајца на крајот од оваа сезона, а еден од оние кои би можеле да стигнат во редовите на Арсенал е и Емил Аудеро.

Сега ова момче е во Сампдорија, а инаку е на позајмица во Јувентус.

Има само 22 години, брани феноменално и не е чудо што за него е заинтересирана управата на Арсенал.

Од друга страна, Јувентус се прашува, нема така лесно да се откаже од перпективното момче од Индонезија кој брани за младата италијанска репрезентација.