Топ десет играчи кои се уште се слободни во потрага по нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јануарскиот трансфер период заврши пред повеќе од 20 дена, но некои клубови се уште можат да направат трансфери доколку се одлучат во своите редови да донесат некој од фудбалерите кои се уште немаат клуб и се слободни агенти.

Во моментов има неколку познати имиња кои се во потрага по клуб и кои се уште не одлучиле да му кажат дефинитивно збогум на активното играње фудбал.

Меѓу нив се вбројуваат Јаја Туре, Џузепе Роси, Јохан Кабаје и Патрис Евра кои со задоволство би продолжиле да играат на зелените терени.

Јаја Туре- Си замина од Олимпијакос по финансиските проблеми на клубот. Искусниот играч во една своја изјава кажа дека ова дефинитивно не е крај и дека ќе продолжи да игра фудбал.

Патрис Евра- Нема клуб откако си замина од Вест Хем минатото лето. Се веруваше дека Французинот ќе добие шанса како спортски директор на Манчестер Јунајтед, но веројатно нема да ја добие оваа функција, па не би имал ништо против доколку повторно добие понуда да заигра фудбал.

Јохан Кабаје- 33 годишниот фудбалер доби предвремен раскин на договорот со саудискиот клуб Ал Наср. Кабаје би можел да се врати во редовите на Кристал Палас на краткорочна основа.

Џузепе Роси- Италијанецот активно тренира со Манчестер Јунајтед и е во потрага по нов клуб. Откако си замина од Џенова нема заиграно, но тренинзите со „Ѓаволите“ со сигурност  ќе бидат голем плус кога клубовите ќе одлучуваат дали да го ангажираат.

Ибрахим Афелај- Некогаш големиот холандски талент доби раскин на договорот од Стоук пред една недела и сега е слободен агент. Има 32 години и се уште може да игра професионален фудбал.

Стефан Мбиа

Дарен Бент

Џордон Мач

Ефе Амброуз

Ласина Траоре