Топ 10 фудбалери со најголеми откупни клаузули


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните години сведоци сме на интересни клаузули во договорите кои ги потпишуват професионалните фудбалери.

Најчесто тоа се однесува на откупни клаузули кои често се нереални. Сепак, клубовите така се осигураат дека тие најверојатно нема да останат без своите најдобри фудбалери.

Погледнете кои фудбалери имаат најголеми откупни клаузули во своите договори.

  1. Коке – 60 милиони евра

Играчот за врска на Атлетико Мадрид е еден од најбараните фудбалери во Примера. Токму поради тоа Атлетико во неговиот договор стави откупна клаузула од 60 милиони евра.

  1. Рајан Гаулд – 60 милиони евра

Иако е многу млад и има само 20 години, овој фудбалер на Спортинг Лисабон има откупна клаузула од 60 милиони евра.

  1. Емерик Лапорте – 72 милиони евра.

Дефанзивецот на Билбао е 8-ми на листата. Во неговиот клуб го проценија за голем талент. Има само 22 години, а откупната клаузула му е 72 милиони евра.

  1. Герет Бејл – 108 милиони евра

Бејл во Реал стигна во 2013 година од Тотенхем. Реал Мадрид веднаш го осигура и стави откупна клаузула од 108 милиони евра.

  1. Жорди Алба – 150 милиони евра

Левиот бек на Барселона стигна во тимот во 2012 година од Валенсија. Има најголема откупна клаузула за еден лев бек, а таа изнесува 150 милиони евра.

  1. Серхио Рамос – 180 милиони евра

Рамос важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот во последните сезони. Токму поради тоа и не зачудува неговата откупна клаузула од 180 милиони евра.

  1. Нејмар – 190 милиони евра

Нејмар во Барселона стигна во 2013 година од Сантос. Барселона го плати околу 57 милиони евра и во неговиот договор стави откупна клаузула од 190 милиони евра.

  1. Иниеста – 200 милиони евра

Иако Иниеста има 31 година, тој сеуште важи за еден од најдобрите играчи за врска во светот. Нема клуб кој не би го сакал во својот тим, но проблем е откупната клаузула од 200 милиони евра.

  1. Лионел Меси – 250 милиони евра

Најдобриот фудбалер на Барселона беше долги години желба на европските гиганти. Сепак, тој не помисли да замине од клубот, а откупната клаузула му изнесува 250 милиони евра.

  1. Кристијано Роналдо – 1 милијарда евра

Роналдо во ноември го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година. Во новиот договор откупната клаузула за тие кои се заинтересирани изнесува 1 милијарда евра.