Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиумите, тимот на Покетино во наредната сезона би можел да добие големо засилување.
Тотенхем игра одличен фудбал оваа сезона, доказ за тоа се 4 играчи кои се најдоа во тимот на сезоната во ПЛ.
Имаат најдобра одбрана во лигата и втор најдобар напад, но во игра се за титулата и имаат само 4 бодови помалку од Челси.
По се изгледа дека еден квалитетен крилен фудбалер би завршил работа, поточно со него би имале комплетен тим.
Покетино најде решение и за тој проблем, па наводно е подготвен да плати 30 милиони фунти за услугите на Даглас Коста.
Овој 26-годишен фудбалер на Баерн не е во прв план, а го изгуби местото во првите 11 и поради тоа е незадоволен.
Се зборува дека сака да замине, па ќе видиме дали Баерн ќе прифати понуда од 30 милиони фунти за него.
Тотенхем сака да го продаде Сисоко и токму наместо него да го донесе Бразилецот, со кој би биле еден од главните кандидати за титулата во ПЛ.