Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франческо Тоти ќе го одигра последниот натпревар за Рома во недела.
Тој по 25 години се простува од дресот на Рома, но сеуште не е познато дали ќе ја продолжи кариерата.
Принцот на Рим има 40 години. Сепак, тоа не му пречи за да го сакаат некои тимови. Наводно еден тим од Серија А му понудил на Тоти 1-годишен договор, но името на тимот не е познато.
Тешко може да се поверува дека тој има желба да игра било каде на друго место. Јасно е дека последниот судиски свиреж ќе биде крај на една голема кариера.
Тоти за Рома дебитираше во 1992 година. Од сезона во сезона покажуваше за каков мајстор станува збор, а одигра вкупно 785 натпревари за тимот и постигна 307 голови.