Тој е клучот на Ливерпул во оваа сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Јирген Клоп е втора на табелата во Премиерлигата, овој човек носи голем дел од заслугата за тоа.

Редсите славеа во големото дерби Мерсисајд и тоа на Гудисон, голот на одлука го постигна Садио Мане во четвртата минута од судиското продолжение.

Одличниот Сенегалец беше побрз од одбраната на Евертон, собра еден отпадот и го спакува во мрежата на ривалот.

Игра Мане во неверојатна форма, делува дека Ливерпул конечно на вистинки начин вложи голема сума на пари.

Потрошија 34 милиони фунти за неговите услуги, сега е јасно дека не погрешија.

Мане во последните 24 настапи во Премиерлигата дирекно учествуваше во 20 голови на своите тимови.

Постигна 16 голови и запиша четири асистенции.

Од тоа 16 мечеви одигра во дресот на тимот од Енфилд во оваа сезона, запиша осум голови за тоа време и четири асистенции.

Нема сомнеж дека одличниот Мане многу ќе недостасува на Јирген Клоп, кога во јануари ќе замине во Габон, каде што ќе ја претставува својата репрезентација на Африканскиот Куп на Нациите.