Тој е најголем срам во историјата на Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен е од секогаш познат како тим со јасна стратегија и визија кога станува збор за продажба или купување на некој играч.

Сепак, како и во секој голем клуб, понекогаш се случуваат и некои грешки, кои некој друг ги купува потоа за многу помалку пари.

Таков случај беше Тони Крос, играч кој можеби беше најголема жртва на администрацијата на Баерн.

Можеби тоа најмногу се гледа во неговата изјава кога во 2014-та година потпиша за Реал Мадрид.

„Дојдов во најголемиот клуб во светот, многу поголем од Баерн.“

Некои за Крос ќе кажат дека бил жртва на Гвардиола, други ќе кажат дека во Баерн тој го достигнал својот максимум, а трети дека бил вишок во средината на теренот.

Од 2007 година тој беше член на Баерн. Таа година стана и член на првиот тим, а од тогаш до 2014-та година одигра повеќе од 130 натпревари. Една сезона беше позајмен во Леверкузен.

Тогаш, во сезоната 2009/2010 стана еден од најдобрите играчи за врска во БЛ под водство на Хејнкс. Беше на чекор од трајно преминување во тој клуб, но беше вратен во клубот.

Интересно, еден од условите да се врати во Баерн од Леверкузен беше ја го задржи дресот со број 10. Се беше прифатено во Минхен, но таа година и Робен дојде како засилување. Робен ја доби 10-та, а Крос го зема бројот 39.

Брзо се вметна во првите 11, каде одлично играше во средината на теренот со Швајнштајгер. Платата секогаш му беше проблем, со оглед на тоа што имаше многу помала плата од останатите ѕвезди во првите 11, а многумина ќе кажат дека тој беше многу интелигентен.

Некои ќе кажат дека во ерата на Гвардиола имало премногу платени Шпанци кои не ги оправдаа очекувањата додека Крос играше врвно за скромна плата, дури и за германски услови.

Реал го донесе во 2014-та година, откако во дресот на Баерн освои апсолутно се во Германија и на интернационална сцена, вклучувајќи го и СП со Германија.

Во октомври 2016-та година го продолжи договорот со Реал до 2022 година. Со тој тим ја има освоено и ЛШ, а како што стојат работите, тој нема намера да се врати во Германија, ниту да го менува клубот и покрај богатите понуди од странство.

Неговиот трансфер вредеше околу 25 и 30 милиони евра. Сега вреди двојно повеќе, но без оглед на тоа колку Реал ќе менува тренери, името на Крос е незаменливо во првиот тим.

Вистинска реткост е Баерн да продаде носител на игра толку лесно, но тоа се смени со доаѓањето на Гвардиола. Во краток период тимот го напуштија Крос и Швајнштајгер – играчи синоними на германската упорност, снаодливост и посветеност на играта.