Тренерот на Лајцпиг пред сензационален трансфер во гигантски клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави за сегашниот тренер на Лајпциг, Ралф Хасенхутл дека во иднина би можел да биде нов тренер на баварците.

„Хасенхутл моментално работи одлично во Лајпциг. Ако бараме некогаш германски тренер, Ралф сигурно ќе биде помеѓу најсериозните кандидати. Моментално не размислуваме за тоа бидејќи јасно е дека мора да има повеќе искуство, но не знам што ќе се случи во последните пет години“, изјави Хенес.

Ралф Хасенхутл тренерската кариера ја почна во академијата на Баерн после завршувањето на кариерата во вториот тим на баварците во 2004-та година.

Запиша значајни успеси во Ален кој го однесе од трета во втора лига и Инголштадт со кој се пласираше во Бундеслигата.

Оваа сезона со Лајпциг изненади многумина бидејќи клубот е основан во 2009-та година и е во трка со Баерн за титулата.