„Тренерската работа не е за мене“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина велат дека 33-годишниот Лам побрзал да ја заврши кариерата, но тој вели дека решил да каже збогум.

Лам против Фрајбург ќе се прости од тимот во кој ја помина скоро цела кариера и замина во фудбалска пензија по 15 години играње на врвно ниво.

Искусниот фудбалер во интервју за официјалната страна на Баерн изјави дека е возбуден пред својот последен натпревар, но и призна дека во иднина не се гледа како тренер.

„Не знам со што ќе се занимавам по завршување на кариерата, но во овој моемнт не можам да се замислам во улога на тренер. Да се стои секој ден покрај теренот, да се гледаат фудбалерите и да се посветува внимание на најситни детали. Не мислам дека тоа е за мене.“

Лам во својата кариера освои 8 титули во БЛ, 6 во германските купови и ЛШ во 2013-та година. Со репрезентацијата стигна на врвот на кариерата во Бразил во 2014-та година, кога го освои трофејот.