Триаголник помеѓу Јуве, Челси и Милан: Сите го добиваат тоа што го посакуваат!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По вчерашните преговори, денеска работите се појасни, па Гонзало Игуаин и Даниеле Ругани најверојатно ќе се преселат во Челси.

Од друга страна, Милан нема пари за Игуаин, па поради тоа Челси ќе им го позајми Алваро Мората со откупна клаузула.

Леонардо го посакува Фалкао, но тој има преголема плата, и во моментов е нереален трансфер за „росонерите“.

Јувентус најверојатно ќе го добие назад Леонардо Бонучи, а во Милан ќе го пратат Матија Калдара.

Во секој случај, ова е најреалното сценарио на крајот, но ќе почекаме уште десетина денови за уште некој сензационален трансфер.