Тројца натпреварувачи на ХваРанг ИТФ од Охрид со злато се вратија од таеквондо турнирот во Србија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Викендов во Суботица, Србија се одржа такевондо ИТФ турнирот од А класа „Србија Опен“ на кој учество зеде и клубот од Лескоец, Охрид „Хва Ран ИТФ“.

На престижниот турнир на кој учествуваа 37 клубови од 12 земји од Европа „Хва Ранг ИТФ“ освои 14 медали од кои четири беа со најсјајни одличја.

„На турнирот настапивме со неколку дебитанти кои приредија пријатно изненадување иако не се закитија со медал. Најпријатно не изненадија најмладите девојчиња Христијана Парулеска која за малку не го освои првото место во борби до 35 кг (сребрен медал) како и Софија Колушоска која беше елиминирана во полуфиналето во борби.

Александар Пуцоски исто така се прикажа во одлично светло освојувајќи го бронзениот медал во категоријата јуниори 14-15 години, додека Мартин Патчев беше убедлив во својата прва борба, но потоа загуби во четвртфиналето.“ –коментираше тренерот на клубот, Лазаревски Марјанчо.

Одличен на натпреварувањето во Суботица беше Јане Димов кој освои два златни медали во форми за син појас и борби за јуниори од 16 до 17 години.

Феноменален успех постигна и Елена Јанеска која во првата рунда ја елиминира главната фаворитка од Словенија која беше носител на црн појас. Елена и во полуфиналето се сретна со носител на црн појас, претставник на Србија, но и тоа не и претставуваше проблем, па ја совлада и заслужено се пласираше во финалето каде „лесен залак“ беше претставничката на Босна и Херцеговина.

Освојувачи на медали од „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец се следниве таеквондисти:

-Јане Димов -2 златни медали,

1 место борби јуниори 16-17 години во категорија  +75 кг,

1 место Форми јуниори плав појас

-Елена Јанеска

1 место борби девојки 12-13 години +55 кг

-Анастасија Велјаноска

1 место форми јуниорки  жолт појас

2 место борби јуниорки 14-15 години -60 кг

-Ангела Велјаноска

2 место форми јуниорки  жолт појас

-Божидар Димитриевиќ

2 место форми јуниори  црвен појас

3 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијан Митрески

2 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијана Парулеска

2 место борби девоојчиња 8-10 години -35 кг

-Софија Колушоска

3 место борби девојчиња 8-10 години -30 кг

-Криситна Симич

2 место борби сениорки 8-10 години -62 кг

-Давид Крстески

3 место борби деца 10-11 години -40 кг

-Александар Пуцоски

3 место борби јуниори 14-15 години -60 кг