Тутоспорт пренесува: Дојде крај на авантурата во Торино за еден искусен играч на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот весник „Тутоспорт“ кој важи за близок на Јувентус, денес објави вест во која се вели дека Марио Манџукиќ би можел да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Во текстот се наведува дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, кој веќе е во сериозни години сака да направи уште еден голем трансфер пред да стави крај на својата кариера.

Не е тајна дека за Марио Манџукиќ постои сериозен интерес од неколку кинески тимови, па така со евентуален трансфер во Кина би заработил вистинско богатство.

Од Јувентус нема да му стојат на патот на Хрватот и ќе го пуштат за „симболична“ сума од 20 милиони евра.