УЕФА објави лоши вести за Роналдо и Јувентус (ВИДЕО)


    Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


    Кристијано Роналдо е најзаслужен за тоа што Јувентус ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампиони, зашто постигна хет-трик во реваншот против Атлетико Мадрид.

    Атлетико го доби првиот меч со 2-0, па многумина мислеа дека шпанскиот клуб ќе обезбеди пласман понатаму, но тогаш на сцена стапи Роналдо, кој постигна три гола и го однесе Јуве во четвртфинале.

    Меѓутоа, Роналдо на крајот направи напријатен потег, па поради тоа Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да почне истрага против португалскиот фудбалер.

    Исто така, познато е дека конечната одлука ќе биде донесена на 21 март, а многумина веруваат дека Роналдо поради неговиот потег ќе добие суспензија од два натпревари.

    Сепак, во Јувентус се надеваат дека такво нешто нема да се случи, па Роналдо ќе добие само парична казна, зашто тоа го направија и со Диего Симеоне, тренерот на Атлетико.