УЕФА почна дисциплинска постапка против Рамос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е обвинет од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА) затоа што добил намерно жолт картон во текот на мечот во осминафиналето на Лигата на шампиони против Ајакс.

Реал Мадрид го доби мечот со 2-1 на гости, а Рамос во намера да ги „исчисти“ картоните во 89. минута доби намерно жолт картон, па така ќе го пропушти реваншот.

Рамос на таков начин избегна ризик во реваншот да добие жолт картон, па тоа би го натерало да го пропушти четвртфиналето, но УЕФА таквиот потег ја налути.

Управното тело на УЕФА почна дисциплинска истрага, па Рамос е обвинет по нивниот член 15 од правилникот.

Доколку на седницата на 28 февруари се покаже дека Рамос е виновен, тогаш суспензијат аќе му биде продолжена на уште еден меч.