„Уживам во тенисот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конта го освои турнирот во Мајами, откако ја победи Возњацки во финалето со 6:4 и 6:3.

Конта стигна до првата Мастерс титула, а вкупно 3-та во кариерата.

„Не можев да верувам дека е крај.“

„Целиот мој тим е заслужен за овој успех и им благодарам на сите. Ние се забавуваме и напорно работиме, а јас се радувам на продолжувањето на таквата соработка.“

Таа од утре ќе биде 7-ма тенисерка во светот.

„Ова е најголема титула во мојата кариера, но верувам дека можам да бидам и Грен Слем шампион.“

Таа покрај 1000 ВТА поени, доби и чек од 1.175.505 долари.