Унаи Емери потврди: Заминува играч од ПСЖ


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери разговараше за иднината на Хесе.

Претходно се појави информација дека Хесе, кој неодамна премина од Реал Мадрид во ПСЖ, требаше да потпише за Рома.

Овој 23-годишен фудбалер не се прилагоди во Париз и одигра само 9 натпревари, но само еднаш беше стартер.

„Не е лесно да му се обезбеди минутажа на Хесе, па така разговаравме за тоа да го напушти тимот. По зимската пауза, ќе бараме решение за Хесе.“

Шпанскиот фудбалер по се изгледа дека во јануари ќе го напушти ПСЖ, но не е исклучена можноста тој да се врати во Лас Палмас, иако пореална изгледа опцијата тој да ја засили Рома.