Урнебесен коментар за доаѓањето на Мурињо во Подгорица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо синоќа присуствуваше на дуелот помеѓу Црна Гора и Србија.

Не е познато поради кој играч, Мурињо дојде на овој меч.

Тој веќе некое време се наоѓа на мета на критики поради досадниот и лош фудбал кој го игра неговиот Манчестер Јунајтед, па така неговата посета во престолнината на Црн Гора предизвика многу коментари, од кои еден посебно се издвои.

„Мурињо дојде да види дали некој може да игра полош фудбал од неговиот“, гласеше еден од коментарите на социјалните мрежи, алудирајќи на мечот, Црна Гора – Србија.

Мурињо веројатно излезе разочаран од стадионот, бидејќи не уживаше во било каков фудбал, но прашање е како е задоволен од играчот (играчите) поради кој дојде.