Уругвај демонстрираше сила и како прв оди во осминафиналето на Мундијалот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Уругвај славеше против Русија со 3:0 во третото коло од групата А во рамките на Мундијалот. Со оваа победа Уругвајците како првопласирани се пласираат во осминафиналето од Светското првенство.

Уругвај прв дојде до водство уште во десеттата минута кога Луис Суарес одлично изведе еден слободен удар и го совлада Акинфеев.

Русија се обиде да се врати во натпреварот, но следниот гол повторно беше на контото на Уругвај. На средината на првото полувреме веќе беше 2:0 затоа што Черишев сам ја затресе својата мрежа.

Конечниот резултат го постави Единсон Кавани кој ја затресе мрежата на Акинфеев во 90. минута.

Саудиска Арабија пак изненадувачки беше подобра од тимот на Египет со 2:1, а овој натпревар го обележа Ел Хадари кој од денес стана највозрасниот фудбалер кој некогаш заиграл на едно Светско првенство.