„Условите во Мадрид се поинакви од останатите турнири“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Надал беше задоволен со играта против Кирјос во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид.

„Направив неколку грешки, но сепак мислам дека играв многу добро. Одлични вести се тоа што успеав сигурно да стигнам до наредното коло.“

Надал во ¼-финале игра против Гофан, со кој неодамна играше во Монте Карло.

„Не беше тој натпревар толку лесен, првиот сет беше многу тежок и таков очекувам и сега. Тој е подготвен и морам да играм на највисоко ниво за да победам.“