Успешно деби на Раниери, ВАР-технологијата ја спаси Рома (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома во последниот меч од 27. коло во италијанската Серија А беше подобра од Емполи со 2-1. Клаудио Раниери вечерва дебитираше на клупата на Рома, која имаше многу потешкотии, но успеа да обезбеди важни три бода.

Сите голови на натпреварот беа постигнати во првото полувреме, додека Рома од 80. минута играше со фудаблер помалку, зашто беше исклучен Флоренци.

Тие тргнаа со мајсторскиот гол на Стефан Ел Шарави во деветтата минута, па само три минути подоцна со бизарен автогол на Хуан Хесус се вратија работите на почетокот.

Емполи можеше да стигне и до нов гол, па опасно изгледаа пред голот на Рома, но тие не успеаа во своите намери, па следуваше кана, откако патрик Шик погоди за три бода за Рома.

Рома прими гол во 88. минута од Емполи, но благодарение на ВАР-технологијата истиот беше поништен поради игра со рака.