Успешно полагање за појаси во “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов  во спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , се одржа полагање за појаси  во организација на Македонската ИТФ.

Младите спортисти  беа одлично подготвени за полагањето ,со што се покажаа во најдобро светло и беспрекорно ги заслужија појасите,  покажувајќи врвна техника, сите беа во одлична кондиција, тестот на снага и специјалните техники ги одработија  перфектно, со што можеме да се пофалиме дека имаме доста перспективни и надежни спортисти кои секој ден се подобри и подобри, кои исто така се докажани на многубројни меѓународни ИТФ турнири.

„Давид Крстески кој е освојувач на многу медали и е најдобар во својата категорија на Балканот и пошироко се закити најзаслужно  со црвен појас, со што го исполни и последниот критериум за учество на Европско првенство. Наполни 11 години и следната година на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Римини, Италија ќе ги брани боите на Македонија. Нашиот клуб е исто така побогат со девет жолти појаси , кои сега исполнуваат норма за натпревари и се потенцијални нови натпреварувачи,и во иднина се надеваме дека и тие ќе не радуваат со успеси“-изјави Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската ИТФ и претседател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

Со повисоки појаси се закитија:

-Давид крстески- црвен појас

-Христијан Митрески -црвен појас

-Давид Велковски- син виши појас

-Јане Димов- син појас

-Марио Крстески- син појас

Филип Трифуноски – син појас